Ракометарите на Вардар во три дена ќе им гостуваат на Пари Сен Жермен и Порто во Лигата на шампионите. Заостанатиот натпревар против францускиот гигант кој не се одигра поради позитивни корона случаи во таборот на „црвено-црните“ ќе се игра на 1. декември во Париз. Поради тоа од ЕХФ е направена и промена за мечот со Порто кој ќе се игра на 4. декември, а првично беше планиран за ден порано. Преостанатите два одложени натпревари против Елверум и Пик Сегед дополнително ќе го добијат својот термин.
„Нови термини за дуелите со ПСЖ и Порто. Вардар 1961 ќе го одигра својот заостанат натпревар од ЕХФ лигата на шампионите против ПСЖ на 1 декември 2020 во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.
Со тоа ќе одиграме еден од трите одложени натпревари. Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната. Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар што сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември. Но, откако беше договорено дека прво Вардар 1961 ќе игра во ПСЖ на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за 1 ден“, стои во соопштението од РК Вардар.
Вардар вчера беше вторпат во две недели поразен од Киелце кој е лидер во групата од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА