Феноменалниот Мајк Џејмс: ЦСКА на две секунди пред крајот ја доби драмата со Реал

Кошаркарите на ЦСКА Москва дојдоа и до осмата победа во Евролигата славејќи во дерби пресметката од 11. коло против Реал Мадрид во драматичен натпревар со 74-73.

Иако Шпанците подобро го почнаа натпреварот, па на полувремето заминаа со предност од три поени (35-38), сепак во второто полувреме подобра игра на ЦСКА за заслужена победа на крајот. Натпреварот имаше повеќе од драматична завршница во која победата на домашните ја донесе Мајк Џејмс со тројката на две секунди пред крајот, плус и дополнително слободно фрлање, со која донесе предност од 74-71. „Кралевите“ успеаја да постигнат поени во финишот но само за 74-73.

 

Најефикасен во победата на рускиот тим беше токму херојот Мајк Џејмс со 28 поени, а Шенгелија запиша 15 поени. Кај Реал Мадрид, Томпкинс заврши со 15 постигнати поени.

Се вчитува...