Дербито на првото коло во Првата женска кошаркарска лига во групата „Запад“ му припадна на тимот на Бадел 1892 кој славеше над Работнички со 64-40.
Домашниот состав стекна предност од девет поени во првата четвртина (18-9), по што следеше консолидирање во редовите на гостинскиот состав. Кошаркарките на Работнички до полувремето заиграа подобро, но успеаја да само да ја намалат предноста за еден посед (30-23).
Избраничките на Перо Стамески продолжија со добрата игра и во второто полувреме, до крајот на третата четвртина стигнаа и до предност од +19 поени (39-20) со што го осигураа триумфот во првиот натпревар оваа сезона.
Цветанка Димова со 21 поен, Марија Димитријевиќ со 18 поени и Сања Адамовска со 12 поени беа првите стрелци во домашниот состав. Кај гостинскиот состав на Амди Муса по 10 поени постигнаа Кристина Тодевска и Драгана Петковска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА