Дербито во Ѓорче Петров – Тасевски: На почетокот од сезоната сите не отпишаа, но…

Македонија Ѓорче Петров денеска на домашен терен ќе го пречека Шкупи во дербито на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „лавовите“ Жикица Тасевски вели дека Шкупи е еден од најдобрите тимови во домашниот шампионат со најголем ростер и ќе биде вистински предизвик за неговите фудбалери.

„Шкупи е одличен тим и еден од најголемите фаворити за освојување на титулата во домашното првенство. Одличен предизвик за нас и се надевам на убав натпревар. Добро ги анализиравме и ги знаеме сите нивни добри, но и лоши страни. Очекувам добра игра од моите фудбалери, ветувам дека ќе дадеме максимум и се надевам на поволен резултат. На почетокот од сезоната сите не отпишуваа, но покажавме дека сме одличен тим кој на секој меч оди на победа“, изјави Тасевски. 

ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

ВЧЕРА

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0

Се вчитува...