Пелистер и Силекс во натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига кој денеска треба да ја врати позитивната атмосфера за еден од двата тима. Факт е дека и битолчани и кратовци не се во најдобра форма во домашниот шампионат и победа на овој меч ќе биде одлична за враќање на самодовербата.
Тренерот на Силекс, Горан Симов вели дека по триумфот над Шкендија во Купот се врати самодовербата во тимот, но мора да се стигне до поволен резултат и на овој натпревар.
„Многу важен меч и за нас и за Пелистер. Тој што ќе дојде до победа ќе побегне од опасната зона, додека другиот тим ќе се најде во големи проблеми. Пелистер игра одлично на домашен терен и затоа очекувам многу тежок натпревар. По победата над Шкендија се врати нашата самодоверба и затоа верувам во победа. Ќе дадеме максимум како и на секој меч, а на крајот како и секогаш нека победи подобриот“, изјави Симов.
ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС
Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ
Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ВЧЕРА
ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА