Фудбалската планета продолжува да тагува за Диего Армандо Марадона. Аргентинскиот ас го напушти овој свет, но зад себе остави наследство за кое ќе се зборува со генерации.
Многу фудбалски легенди се опростија од великанот, а меѓу нив беше и Жозе Мурињо.
„Светот го запозна Марадона, а светот не заборава. Ќе направам се за и мојот син да знае се за него и покрај тоа што е роден откако Диего ја заврши својата кариера. Исто така сигурен сум и дека мојот син кога ќе дојде време да биде татко, нема да дозволи нашите поколенија да не знаат кој беше Диего Армандо Марадона“ – изјави стратегот на Тотенхем по натпреварот со Лудогорец.
Како што открива Португалецот, еден од најдобрите фудбалери во светот знаел да го изненади со телефонски повик, посебно после неуспех, водејќи се од тоа дека на човек му е потребна утеха кога работите не му одат од рака. А кога му иде – па што има да го бара.
„Го познавав доволно добро, толку добро што после моите најтешки порази секогаш ме бараше, а никогаш после победа. Ми недостасува и многу сум тажен, но во исто време и добро расположен бидејќи секој миг поминат со него ме тераше на смеа“ – заврши Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА