Француски АСВЕЛ успеа да ја изненади Барселона и да ја совлада со 80-68 во натпреавр од 11. коло во Евролигата. Французите уште од самиот старт наметнаа игра која Каталонците не можеа да ја следат и дојдоа до само вториот триумф сезонава во европското натпреварување. Дејвид Лајти со 17 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Барселона Никола Миротиќ заврши со 14 поени.
Во Атина, Панатинаикос со совлада Баенр Минхен со 83-76. Грците во текот на сите четириесет минути го контролираа резултато и конечно по четири меча се радуваа на триумф во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА