Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и официјално соопшти дека подготвува четири сценарија за одржување на Европското првенство следната година. Конечната одлука околу форматот на ЕП ќе биде донесена најдоцна до 5. март.
Најважното е што УЕФА е и дефинитивно одлучи ЕВРО 2020, кое беше одложено оваа година поради пандемијата на коронавирусот да се одигра во 12 града и 11 држави од 11. јуни до 11. јули следната година. А, останатите одлуки ќе зависат од ситуацијата со Ковид-19.
СЦЕНАРИО 1: Првото сценарио е, во зависност од ситуација со пандемијата на Ковид-19, шампионатот да се одржи со присуство на навивачи и полни капацитети на стадионите.
СЦЕНАРИО 2: Во второто сценарио предвидено е исполнување на стадионите до половина од капацитетите.
СЦЕНАРИО 3: Одржување на ЕВРО 2020 со 30% исполнетост на стадионите.
СЦЕНАРИО 4: Одигрување на натпреварите на Европското првенство без присуство на публика.
По оваа одлука на УЕФА и дефинитивно е познато дека Македонија, која е во група со Холандија, Австрија и Украина, своите натпревари ќе ги игра во Букурешт (против Австрија и Украина) и против Холандија во Амстердам.
УЕФА ќе им наложи на домаќините да одберат две до три можни сценарија во периодот кој следи и да подготват планови за спроведување на истите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

