Тренерот на Вардар, Александар Васоски пред мечот против Академија Пандев вети дека е време „црвено-црните“ да врзат две победи во низа сезонава и тоа и го оствари.
Истакна претходно Васоски и дека Вардар не знае да игра на нерешено, па така беше и денеска на „Тодор Проески“. Академија Пандев имаше посед на топка но не ги искористи шансите, промаши и пенал, а во второто полувреме Вардар беше подобар противник и стигна до заслужен триумф, кој на крајот можеше да биде и поубедлив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА