Работнички врза две значајни победи во Супер-лигата откако по триумфот над Бутел „црвено-белите“ денеска беа подобри и од вториот тим на Еурофарм Пелистер, триумфирајќи со 28-23. Домашните ракометари покажаа одлична игра, се одлепија резултатски пред крајот на полувремето и ја задржаа предноста до самиот крај.
Тоше Ончев се покажува како извонредно засилуваање за Работнички, овој ракометар беше човек на одлука на денешниот дуел со 11 постигнати погодоци, шест постигна Стефан Крстевски. Во редовите на Еурофарм Пелистер 2 најдобар поединец беше Цветан Кузманоски со пет гола.
Струга лесно и рутински славеше над Астраион со 32-27, со што стружани останаа во трка за место кое води во плејофот. Мечот беше решен во првото полувреме што домаќините го добија со 18-13, позитива што потоа ја задржаа до самиот крај. Богдан Николиќ го предводеше победничкиот тим со седум погодоци, шест постигна Рајатовски, додека најефикасни кај Астраион беше Караиванов и Кавазов со по седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА