И Брегалница со осуда на инцидентот меѓу навивачките групи пред дербито на Истокот

И штипска Брегалница изрази жалење за инцидентот во Штип меѓу дел од навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“ пред денешната дерби-пресметката на Истокот меѓу Брегалница и Тиквеш.

Двете навивачки групи сес судрија во околината на стадионот, притоа и со неколку потешко повредени лица, пред полицијата да спречи и поголема ескалација на настаните.

„ФК Брегалница изразува жалење за несаканиот инцидент кој се случи меѓу дел од навивачите на Брегалница и Тиквеш во пресрет на денешниот дерби натпревар од 14. коло во Втората лига – Исток. Несаканите сцени апсолутно не се во согласност со начелата кон кои тежнее ФК Брегалница како клуб кој е максимално посветен на определбата за исфрлање на насилството од терените и надвор од нив, и вистински спортски пријател со сите фудбалски чинители во Македонија. Отворено го искажуваме нашиот став за осуда на таквите случувања кои, секако, од ниту еден аспект не може да се поддржат и оправдаат, а кои единствено нанесуваат штета на фудбалот воопшто. Испраќаме силна порака за максимално фер и коректно навивање и во иднина, како единствен начин за спречување на сите немили сцени, како оние денешните, на и околу нашите фудбалски стадиони. Па, заедно со сите наши поддржувачи и навивачи, ФК Брегалница да биде вистинскиот пример-двигател за промоцијата на спортот во регионот и во Македонија“ – се вели во соопштението од ФК Брегалница, која е лидер на табелата во Втората лига – Исток.

Се вчитува...