Многу борба, многу жар…, многу желба за победа и на двете страни, но дерби натпревар без голови во 13. коло меѓу Македонија ЃП и Шкупи во Ѓорче Петров.
На крајот, се чини, и реален исход иако чаирчани по натпреварот искажаа незадоволство од судењето на главниот судија Марјан Маркоски од Охрид. Сепак, останува фактот дека Маркоски имаше повеќе од квалитетно судење максимално контролирајќи го, без грешки, текот на средбата која изобилуваше со спортски натпревар, но, за жал, без голови…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА