Тасевски: Жалам што не освоивме три бода, а можевме…

Македонија ЃП и Шкупи одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на тимот од Ѓорче Петров, Жикица Тасевски вели дека и покрај тоа што е дерби, а Шкупи е одличен тим, жалат што не стигнаа до три бода.

„Шкупи е одличен тим со одлични фудбалери. Кога играш дерби не може да очекуваш дека ќе направиш многу шанси. Но, ние имавме три четири зицери кои не успеавме да ги реализираме. Жалам за тоа што не освоивме полн плен, а можевме. Сепак, одиме понатаму и веќе размислуваме на следниот противник Шкендија. Исто така многу важен меч за нас“, вели Тасевски. 

Македонија ЃП која е најпријатното изненадување во новата сезона во среда ќе и гостува на Шкендија во Тетово.

Се вчитува...