Грожан е добро… Како изгледаа 30 хорор-секунди во кои Французинот ја избегна смртта (ВИДЕО)

Ромен Грожан, за среќа, мина без посериозни повреди по инцидент на Формула 1 трката во Бахреин. По силниот удар во заштитната ограда, болидот заврши на два дела, експлодираше па само секунди го делеа Французинот од најтрагичното.

За среќа возачот на Хас брзо се извлече од местото на инцидентот и мине без поголеми последици, потврдува тимскиот шеф на Хас, Гинтер Штајнер.

„Грожан е во добра состојба. Има лесни изгореници на рацете и зглобовите, беше потресен од шокот, но сега ги минува сите вообичаени прегледи. Интервенцијата на екипата за спасување беше брза, маршалите и ФИА завршија добра работа, затоа што беше навистина страшно“ – изјавил Штајнер.

 

Се вчитува...