Македонскиот футсал шампион, екипата на Шкупи се пласираше во елитните квалификации во Лигата на шампионите, откако славеше убедливо со 3-0 против ирскиот Блу Меџик од Даблин.
На натпреварот кој се одигра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Шкупи до предност дојде со голот на Сефери во 6. минута од натпреварот. Во второто полувреме, Ирците си постигнаа автогол за 2-0, а Незири го постигна третиот погодок во последните секунди за конечни 3-0.
Со оваа победа Шкупи си обезбеди место меѓу најдобрите 32 екипи во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА