Французинот Ромен Грожан се чувствува добро по страотниот инцидент на трката за Големата награда на Бахреин. Возачот на Хас ќе остане во болница поради повредите добиени на оваа трка, огласувајќи се преку видео-порака до сите свои фанови и спортската јавност.
„Здраво на сите. Сакам да кажам дека сум добро. Добро не баш целосно добро, но ќе биде ОК. Ви благодарам на сите за пораките на поддршка. Да не беше ‘хало- системот’ не знам како ќе завршев. Тоа е една од најдобрите работи воведени во Формула 1 овие години. Да не беше тоа сигурно немаше сега да зборувам пред вас. Му благодарам на медицинскиот тим тука во болницата, се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките“ – истакна Грожан во видео-пораката.
На трката во Бахреин денеска болидот на Грожан експлодираше а за 32 секунди целосно изгоре, но Французинот, за среќа, на време успеа да се извлече.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА