Наспроти денешните прволигашки возбудувања на македонските фудбалски терени, сепак голот за одбележување доаѓа од третолигашкиот натпревар од западниот дел, меѓу Зајас и Љуботен од Тетово.
На дуелот во Кичево, Зајас триумфираше со 3-1, но голот за одбележување го постигна Дејан Савевски од Љуботен кој погоди од 60 метри… Дефинитивно, гол кој долго ќе се прераскажува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА