Единсон Кавани беше херој на Манчестер Јунајтед во големиот пресврт против Саутемптон, но уругвајскиот ас потоа се најде во фокусот на вниманието и од неспортски причини. Имено, по мечот до Кавани стигнаа бројни честитки, а на еден од пријателите голгетерот им се заблагодари со зборовите „Ти благодарам, црнче“.
Ова беше доволен повод за ФА да покрене истрага за расизам против асот на Манчестер Јунајтед. Од самата комуникација е јасно дека станува збор за пријател и нема никаков конфликт, зборот „Негрито“ во Јужна Америка секојдневно се користи во ситуации кои немаат никаква врска со расизам, но правилата на англиските фудбалски власти се децидни.
ФА пред почетокот на сезонава воведе нови казни токму за користење на вакви изрази на социјалните мрежи, за што следи суспензија од најмалку три натпревари. Истрагата ќе трае неколку дена, по што ФА ќе реши дали да покрене и обвинение против асот на Манчестер Јунајтед, што би значело и казна за Кавани токму во моментите кога голгетерот влезе во топ-форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА