Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не сакаше да зборува за потенцијална борба за титуалта во Премиер-лигата. Тотенхем одигра без голови 0-0 во дербито на 10. коло од Премиер-лигата против Челси.
„Реми со Челси во гости е одлична работа. Но, мојот тим не е задоволен и тоа ми се допаѓа најмногу. Фантастично е, менталитетот на фудбалерите се промени целосно. Не сме во трка за титулата. Ние не сме коњи. Кој е зборот за мал коњ? Да, ние сме пони“, изјави Мурињо.
Тотенхем нема освоено ниту еден трофеј од 2008 година кога триумфираше во Лига купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

