Австралискиот возач Даниел Рикардо остро го критикуваше повторувањето на снимката од несреќата на Роман Грожан велејќи дека е згрозен од „холивудскиот“ третман кој го имаше ударот, додека сите други возачи се подготвуваа за старт.
„Згрозен сум и разочаран од Ф1 и начинот на кој одлучија да ја покажат таа несреќа, каде цело време го покажуваа запаленото возило. Ниту тоа не им беше доволно, туку потоа покажаа и снимка од камерата на возилото. Целата работа ми изгледа дека тие сакаат да снимаат холивудски филмови, а ова не е филм ова е вистински живот“, изјави Рикардо.
За среќа Грожан е во добра состојба и има само изгореници на рацете.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА