Холдинг зa Траоре: Изграден е како е*ена куќа од тули, а паѓа толку лесно

Адама Траоре одигра одличен натпревар за Вулверхемптон против Арсенал, создавајќи им огромни проблеми на противничките дефанзивци. Роб Холдинг во самиот финиш ги загуби нервите, па по еден старт врз Траоре и досуден прекршок гласно се пожали на судиската одлука.

Микрофоните покрај теренот успеаја да го забележат моментот кога Холдинг му се пожали на судијата за начинот на кој Траоре се избори за еден фаул.

“Изграден е како е*ена куќа од тули! Како може да падне така?”, дофрли Холдинг фрлајќи ја топката, за што доби и жолт картон.

Се вчитува...