Кошаркарот на ЦСКА Москва, Мајк Џејмс е најкорисниот играч во Евролигата во ноември.
ЦСКА забележа пет победи во ноември. Џејмс пропушти еден натпревар, но и покрај тоа Мајк ги надмина сите играчи и ја доби МВП наградата. На четири одиграни натпревари Мајк имаше просек од 22,5 поени и 3,3 асистенции, што му донесе индекс на корисност од 20,8.
Ова е вторпат во неговата кариера во Евролигата да биде прогласен за најкорисен играч на месецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА