Пројковска ќе го суди квалификацискиот меч меѓу Израел и Малта, Поповски организациски директор на „Сан Сиро“

И ова недела нема да мине без македонски претставници во европските купови. Нашата најдобра судијка, интернационалката Ива Пројковска на 1. декември ќе го суди квалификацискиот натпревар за Европското првенство во Тел Авив меѓу Израел и Малта. Ќе и помагаат Билјана Миланова, и Елена Цоклевска –Илиевски,  а четврта судијка ќе биде Ирена Велевачковска.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, пак, повторно ќе ја има улогата на организациски директор на натпреварот на „Сан Сиро“ во Милано во Лига на Европа меѓу Милан и шкотски Селтик.

Жарко Игњатовски отпатува за Украина каде во Луганс во Лига на Европа ќе биде директор на мечот мегу Зорија и англиски Лестер.

Утре, пак, во Москва во мечот на Лига на шампиони меѓу Локомотив и Салцбург судењето ќе го оценува Емил Божиновски.

М.М.

Се вчитува...