Џенова поразена и од Парма, 20 минути за Пандев… (ВИДЕО)

Џенова ја очекува повеќе од тешка битка за опстанок во Серија А откако доживеа нов пораз, овој пат на домашен терен од Парма со 1-2.

Во последниот натпревар од 9. коло во шампионатот, Парма до победата дојде со двата погодоци на Жервињо, во 10. минута и во 47. минута.

 

Џенова единствено успеа да го ублажи поразот со голот на Шомуродов во 50. минута.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ги одигра последните 20 минути на натпреварот но без посериозна можност да донесе барем бод за својот тим.

Се вчитува...