На сите нас навистина ни се допадна Мајк Тајсон во рингот, сите се согласуваат дека му треба на боксот, па дури да биде присутен и околу арената, но има и такви кои мислат дека Мајк би можел да се бори за титулата со сегашните борци.
Еден од нив е поранешниот шампион, член на Куќата на славните Џорџ Форман, најстариот шампион во тешка категорија. Овој великан ременот го освои откако на рингот се врати на 45-годишна возраст, а сега тој верува дека Тајсон би можел да го сруши неговиот рекорд.
“Тајсон изгледаше одлично, навистина одлично. Рој Џонс мораше да го искористи секој трик за да избегне нокаут. Не можев да верувам во тоа што го гледав. Замислете, доколку Тајсон беше активен последните две години? Сигурно тој ќе беше кандидат за титула светски шампион на возраст од 54-55 години “, рече Форман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА