Меси пак нема да игра во ЛШ

Роналд Куман повторно ќе експериментира со составот на Барселона во Лигата на Шампионите откако холандскиот стратег реши да остави дома неколку фудбалери за утрешниот дуел со Ференцварoш.

Лионел Меси, кој не настапи ниту на последниот дуел со Динамо Киев, повторно нема да патува со експедицијата на каталонскиот гигант. Првото место во групата е обезбедено, па Куман не сака да ризикува евентуална повреда и реши големиот ас да остане во Барселона и да се подготвува за наредните предизвици во Ла Лига.

Покрај Меси, утрешниот дуел во Унгарија ќе го пропуштат и Тер Штеген и Кутињо, кои воопшто не отпатуваа со тимот за Унгарија.

За очекување е шанса од првата минута да добие Браитвајт, кој влезе во добар голгетерски ритам на последните неколку натпревари на каталонскиот гигант.

Се вчитува...