Штипска Брегалница, како и неговите поранешни клубови низ кои настапуваше Кожуф, Силекс, Беласица, донираше финансиски средства за фудбалерот Ѓорѓе Џонов кој е пред најголемиот предизвик во својот живот, во битка со болест за која е неопходно итно лекување во Турција.
За лекувањето на Џонов се неопходни 100.000 евра, средства кои во моментов ги нема на располагање, па Брегалница и нејзиниот сопственик Кирил Гогов, како и многупати претходно кога се работи за хуманитарни акции, се вклучи во собирање на неопходните средства со повик за масовно вклучување и на сите останати спортски чинители во Македонија, за да се помогне на еден млад живот.
СРЕДСТВА МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРААТ НА СЛЕДНАТА БАНКАРСКА СМЕТКА:
Ѓорге Џонов
Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48
Стопанска Банка А.Д.
11 Октомври
1000 Скопје
ДЕВИЗНА СМЕТКА:
МК07200003801913052
SWIFT: STOBMK2X
И НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ:
ТЕЛЕКОМ: 143-113 – Со секој повик донирате 100 денари!
А1: 143-460 – Со секој повик донирате 100 денари!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА