Роман Грожан излезе од болница само по три дена откако доживеа тежок судар и едвај спаси жива глава од запалениот болид во текот на трката за големата награда на Бахраин. Возачот на Хас се удри во заштитната ограда при брзина од 200 километри на час, а веднаш по ударот неговиот болид се запали и преполови. За среќа тој заработи само изгореници на рацете.
„Воодушевен сум што можам да ги мрдам прстите. Не морам да носам завои преку цели раце. Скоро заплакав кога видов колку брзо се опоравувам. Благодарен сум им на сите кои ми помогнаа да се извлечам од оваа тешка ситуација“, изјави Грожан.
Иако по инцидентот тоа изгледаше неверојатно, Французинот вели дека е подготвен да се врати на патеките на последната трка која ќе се вози на 13. декември во Абу Даби. Поради сериозноста на повредата тој сепак нема да биде подогтвен за претстојниот викенд и втората трка во Бахраин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА