Ренова и во вториот натпревар по враќањето на Ќатип Османи на клупата стигна до триумф. „Гипсарите“ во 14. коло од ПМФЛ славеа повторно минимално, но доволно за три бода, против Академија Пандев во Струмица.
Стрелец на победничкиот гол за Ренова беше Шефит Шефити во 73. минута.
Академија Пандев, пак, остана на 10 бода за претпоследна позиција на табелата, и само еден бод предност во однос на последната Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

