16-годишниот шахист Емил Ристески сензационален победник на „Трофеј Белград“

Младинскиот шампион на Македонија, Емил Ристески е сензационален победник на силниот меѓународен шаховски турнир „Трофеј Белград 2020“.

Во конкуренција на повеќе од 50 шахисти, меѓу кои бројни истакнати европски имиња со велемајсторски и интермајсторски титули, Ристески стигна до пехарот со освоени извонредни 7,5 поени од девет партии.

Ристески (рејтинг поени: 2213) се запиша и во историјата на турнирот, како прв шахист со само 16 години кој успеал да го освои „Трофеј Белград“. Низ деветте рунди на турнирот, македонскиот шахист славеше против велемајсторот од БиХ, Милан Вукиќ (2406), ремизираше со интермајсторот од Србија, Младен Рајковиќ (2394), а го совлада и Русинот, Андреј Цветков.

Со настапот во Белград, младиот Емил Ристески веќе ги исполни условите за освојување на титулата ФИДЕ мајстор, која според актуелните пропозиции им се доделува на шахистите во моментот кога ќе го надминат рејтингот од 2300 поени.

Се вчитува...