Официјално одложен и натпреварот на Вардар против француски ПСЖ кој требаше да се игра на 10. декември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
„Натпреварот меѓу Вардар 1961 и ПСЖ кој беше закажан за 10. декмеври во Скопје ќе се одигра во друг термин. Во нашата екипа се појавија новозаразени членови од Ковид-19 за што веднаш ја известивме ЕХФ и клубот со кого требаше да играме. Одлучено е средбата да се одложи и да се закаже во друг термин“ – информираат официјално од РК Вардар.
Како што е познато, претходно беа одложени и гостувањата на Вардар против ПСЖ во Париз како и против португалскиот Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА