Ракометарите на Прилеп славеа со 27-24 над Работнички, прекинувајќи ја серијата добри резултати на гостите од Скопје (победи над Бутел и над Еурофарм Пелистер 2), воедно и останувајќи во игра во трката за третото место кое води во плејофот.
Работнички беше подобар ривал во почетните минути од натпреварот, поведе со 2-5, но следеше серија од пет гола на прилепчани, по што домашниот состав почна да го контролира резултатот. На одмор се замина со предност на прилепчани од 14-10, гостите заиграа нешто подобто во вториот дел, дојдоа на еден гол негатива (24-23), но немаа сили за целосен резултатски пресврт.
Чантурија со осум и Шокоски со шест погодоци беа најефикасни кај прилепчани, додека први стрелци на Работнички при вечерашниот пораз беа Атанасовски и Ончев со по шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА