Наполи, Реал Сосиедад и АЗ Алкмар во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа ќе одлучуваат кои две екипи од Групата Ф ќе обезбедат место во елиминациската рунда натпревари во второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Наполи ремизираше (1-1) на гостувањето против АЗ Алкмар па остана на врвот од табелата. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 30 минути на дуелот, влегувајќи во игра на местото на Руиз.
Ријека, на Дарко Велковски, во истата група, пак, го освои првиот бод во Лига Европа ремизирајќи на гостински терен против Реал Сосиедад. Првиот погодок за водство од 0-1 на хрватскиот тим го постигна токму македонскиот репрезентативец.
ЛИГА ЕВРОПА – 5. коло
ГРУПА А
Рома – Јанг бојс 3-1
Клуж – ЦСКА Софија 0-0
ГРУПА Б
Арсенал – Рапид Виена 4-1
Молде – Дандалк 3-1
ГРУПА Ц
Ница – Баер Леверкузен 2-3
Славија Прага – Хапоел Бер Шева 3-0
ГРУПА Д
Глазгов Ренџерс – Стандард 3-2
Бенфика – Лех 4-0
ГРУПА Е
Гранада – ПСВ 0-1
Омонија – ПАОК 1-1
ГРУПА Ф
АЗ Алкмар – Наполи 1-1
Реал Сосиедад – Ријека 2-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА