Барселона во моментов е без претседател на клубот, а оваа должност ја врши в.д. претседател Карлос Тускец, кој не ги негува ставовите на поранешниот претседател. Наиме, изминатото лето, еден од најдобрите фудбалери во историјата можеше да го напушти каталонскиот клуб, трансфер кој го спречи Бартомеу, со што не му дозволи на Аргентинецот да замине без обештетување, а за него бараше 700 милиони евра.
„Гледано од финансиса страна, Меси мораше да биде продаден претходното лето. Едноставно имаше премногу смисла. Би тргнале од грижи една од најскапите плати во светот, би заработиле стотини милиони евра од трансферот, па немаше да мораме да се грижиме во овие тешки времиња. За жал, тоа не е нешто за што јас одлучувам, туку тренерите, па сега кривицата барајте ја кај нив доколку не сте задоволни“ – изјави Тускец.
Желбата на в.д. претседател на каталонскиот клуб може да се оствари, особено кога Меси ќе види колку моменталниот претседател не го почитува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

