Македонија со три екипи во новото европско натпреварување

УЕФА потврди дека од следната сезона почнува новото клупско натпреварување Конференциската лига во кое ќе се натпреваруваат екипи кои се под 15 место според ранкингот на УЕФА. Македонија во новото натпреварување ќе има три претставника, а тоа ќе бидат освојувачот на купот и втората и трета екипа на првенствената табела.

Поради новото формирано натпреварување во Лигата на Европа наместо постоечките 48 екипи, ќе се квалификуваат 32, а Македонија може да има само еден претставник. Имено шампионот почнува од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ако испадне до втората рунда тој продолжува во квалификациите во Конференциската лига, а доколку се пласира во третото коло оди во квалификациите од Лигата на Европа.

Системот е малку комплициран, но дава шанса за нашите тимови да бидат подолго дел во европските натпреварувања.

Се вчитува...