Јуниор Кисела Вода стигна до убедлива победа против КЛ 7 од 35-25 во натпревар од 12. коло во А групата од ракометната Суперлига. Домаќините одиграа одлично прво полувреме во кои во еден момент имаа и плус осум (16-8), а на пауза заминаа со предност од шест голови 16-10.
Во вториот дел успеја само да ја зголемат предноста и да стигнат до втората победа сезонава во домашниот шампионат. Стојановски, Бајрактаревиќ и Трајчевски со по 7 гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените се истакна Александар Стојков со пет гола.
КЛ 7 со овој пораз ги загуби шансите за плеј-оф бидејќи на едно коло до крајот има три бода негатива зад третата Струга, но послаб меѓусебен дуел. Од друга страна Јуниор Кисела вода е 6. во групата А со седум бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА