Видео: Барса пак прими глупав гол

Барса ја продолжи традицијата на примање на почетнички голови сезонава, откако дефанзивците на каталонскиот гигант се посрамотија на гостувањето против Кадиз.

Избраниците на Куман едвај стигнаа до израмнување на натпреварот на кој беа апсолутни фаворити, за на спротивната страна да примат глупав гол. Се почна со лошо изведениот аут на Алба, потоа згреши и Ленгле, не изреагира најдобро ни Тер Штеген, па искусниот Алваро Негредо немаше проблем да ја затресе празната мрежа, за нова огромна радост на домашниот тим.

Со ваква одбрана Барса не може да се надева на ништо добро оваа сезона.

Се вчитува...