Хувентуд славеше над Сарагоса со резултат 88-81 во натпреварот што го означи враќањето на Ненад Димитријевиќ за тимот од Бадалона. Македонскиот плејмејкер на почетокот од минатиот месец беше позитивен на коронавирус, од таа причина не можеше ниту да отпатува со репрезентацијата во „балонот“ во Талин, а сега по неколкудневни тренинзи со полн интензитет му се стави на располагање на тренерот Дуран.
Вечерашниот натпревар донесе израмнета борба до самиот крај, Хувентуд се врати од „минус осум“ во последната четвртина и со одлична одбрана во завршните минути стигна до заслужен триумф.
Димитријевиќ имаше мирна рака од линијата за слободни фрлања во самиот финиш, ставајќи печат на победата на својот тим. Нашиот интернационалец одигра 19 минути, период во кој реализираше пет поени и четири асистенции, а најефикасен кај Хувентуд беше Лопез Аростеги со 28 поени и 9 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА