Мик Шумахер стигна до шампионската титула во Формула 2, како најава дека синот на прославениот ас со големи амбиции од 2021 година ќе влезе и во Формула 1.
Младиот Германец успеа да ја задржи предноста од 14 бода во генреалниот пласман во однос на Калум Илот на денешната последна трка што се возеше во Бахреин. Шумахер немаше свој ден, па на крајот го освои слабото 18. место. За негова среќа, Илот се најде на 10. позиција, не освои бодови, па шампионскиот трофеј заврши во рацете на германскиот возач.
Веќе е јасно и дека Мик од следната година ќе биде дел од Формула 1, откако тој потпиша договор со Хас Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА