Наполи славеше со убедливи 0-4 на гостувањето против Кротоне, но Џенаро Гатузо не беше најзадоволен од изданието на своите фудбалери. Тој не крие дека очекува далеку подобри изданија од она што „наполитанците“ го прикажаа вечерва, но и призна дека тој со своите квалитети не би бил доволно добар за да се најде во стартниот тим на Наполи на оваа средба.
„Кога Кротоне остана со десет фудбалери стана полесно, но не сум задоволен од она што го видов до тој момент. Треба да разберат, јас барам од моите играчи да играат како тим. Ако некој се однесува како јас кога бев играч, нема да игра, бидејќи ова се сосема поинакви времиња, а моите фудбалери се поквалитетни од мене во играчките денови. Горд сум на она што јас го направив низ кариерата, но ова се поинакви времиња, фудбалот е целосно променет. Играчите се како деца, но јасно ти е дека ако сакаш да допреш до нив, некогаш ќе мораш да ги истрпиш. Ако сакам да ги научам на принцип како што татко ми ме учеше мене, нема шанси да најдеме заеднички јазик“, изјави Гатузо.
Потоа, тој даде и пример што му пречи во соблекувалната на Наполи.
„На пример, не сакам музика во соблекувалната. Многу ме нервира, не можам да разберам зошто се пушта. Во мое време периодот пред да излеземе на терен го користевме за да се сконцентрираме, сега во сите соблекувални ечи музика. Тоа е една од оние работи што навистина ми пречат, но прифаќам дека е секојдневие во модерниот фудбал“, открива стратегот на „наполитанците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

