Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
======================================================================================
ТИМ НА 15. КОЛО
=====================================================================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО – Дембо Дарбо (Шкупи)
Дембо Дарбо уште еднаш покажа дека во моментов е најдобриот напаѓач во домашниот шампионат. Неговата симултанка и трите постигнати гола беа доволни за сигурен победа на Шкупи на гостувањето против Пелистер во Битола.
=====================================================================================
ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Умит Каран (Шкупи)
Шкупи не се откажува така лесно од трката за шампионската титула. Доказ за тоа е начинот на кој дојде до победата на гостувањето против Пелистер. Битолчани силно посакуваа победа, но чаирчани одиграа одличен меч за заслужени три бода.
=======================================================================================
ГОЛ НА КОЛОТО: Ѓорѓи Стоилов (Академија Пандев)
Евро-голот на Ѓорѓи Стоилов за реми (1-1) на Академија Пандев на гостувањето против Струга ТЛ го одбележа 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Стоилов во 72. минута погоди директно од слободен удар од 25 метри, запишувајќи вистинско ремек-дело.
=======================================================================================
СПОРЕН МОМЕНТ: Поништениот гол за Борец против Шкендија
Од редовите на Борец имаа сериозно поплаки на судењето на натпреварот против Шкендија на кој велешани загубија со 0-2. Посебно е спорна е ситуацијата со постигнат гол за Борец кој беше поништен поради наводен офсајд, иако се чини офсајд позиција не постоеше…
=======================================================================================
ФОТО НА КОЛОТО: Многу борба, малку ефект…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА