Андреа Лекиќ нема намера да ја заврши кариерата и покрај новата тешка повреда по која поранешната „вардарка“ ќе паузира најмалку шест месеци од ракометните терени.
Повредата на тетивата е многу сериозна, но среќна околност е што кинењето било на горниот дел, а не на долниот што е поврзан со скочниот зглоб. Поради ова, 33-годишната Лекиќ е оптимистка дека веќе на стартот од следната сезона би можела да се врати на терен.
„Ви благодарам на поддршката и на убавите желби. Се гледаме следната сезона“, напиша Лекиќ крај својата фотографија од болницата по хируршкиот зафат.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА