ВЛМ: Хераклеа со „стотка“, Баскет КАМ со победа од 41 разлика

Во седмото коло од Втората лига беа одиграни шест натпревари од кои два во групата „Исток“ и четири во групата „Запад“.

Во групата „Исток“, Пробаскет славеше над Куманово 2 со 77-57, со што кавадарчани го забележаа првиот триумф во сезоната, додека на убедлива победа со 41 поен разлика се радуваше и Баскет КАМ кој на гостински терен го совлада Ролинг 08 со 43-84.  Одложени беа дуелите помеѓу Шкупи и Ангели, МКК Куманово и Струмица, како и дербито на колото Борец Баскет – Феникс 2010.

Во групата „Запад“ најинтерсниот натпревар на колото беше одигран во Охрид каде ГКК Охрид славеше над Тетекс ТТК со 69-68, во натпревар кој го засенија судиски одлуки, како што пренесоа од клубот од Тетово. До цифрата од сто поени стигна и Хераклеа која го доби дуелот со Мега Баскет со +26 (100-74), додека со разлика од 25 поени славеше Раиниа која на домешен терен го доби Спорт Тим со 89-64. Единствен до гостинска победа стигна тимот на Партизан Водно Санс кој славеше над Спарта со 78-96. Одложен беше само дуелот помеѓу Пелистер Медика Карта и Чаир 2030.

 

Се вчитува...