Марко Одермат е победник на третиот велеслалом сезонава во Светскиот куп во алпско скијање кој се возеше во италијанската Санта Катерина. Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:08.42 минути, што беше за 73 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Американец, Томи Форд.
Третото место му припадна на Хрватот, Филип Зубчиќ кој имаше неверојатна втора трка и до подиумот успеа да стигне и покрај тоа што по прват трка беше 24. Во генералниот пласман со оваа победа Марко Одермат го презеде лидерското место пред Алексис Пантуро од Франција и Хрватот Филип Зубчиќ.
Најдобрите скијачи во светот се селат во францускиот Вал Д’изер каде следниот викенд на програмата се спуст и супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА