Арсенал катастрофално ја започна новата сезона. По 11 одиграни натпревари, тимот на Микел Артета се наоѓа на 15. место на табелата во Премиер-лигата со повеќе порази од добиени натпревари.
Местото на Шпанецот на клупата на англискиот состав е загрозено, а младиот стратег има рок од три натпревари во домашното првенство за спас на својата работна позиција. Имено, доколку „топчиите“ успеат да слават на претстојните натпревари против Барнли, Саутемптон и Евертон, 38-годишниот Артета ќе „преживее“ во Лондон.
Од овие клубови единствено Барнли се наоѓа во полоша форма од Арсенал и е на 18. место со само шест освоени бода. Саутемптон е во одлична форма и се наоѓа на петата позиција на табелата, додека Евертон по одличниот старт на сезоната бележи пад во формата и моментално е на деветтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

