Црвена Звезда во потрага по нов плејмејкер, замина Рочести

Тејлор Рочести повеќе не е член на Црвена Звезда откако тимот од Белград одлучи да не ја продолжи соработката со Американецот. 35-годишниот бек пристигна во редовите на „црвено-белите“ во октомври на двомесечен договор, а во својот втор престој во главниот град на Србија не го прикажа својот потенцијал.

Белградскиот состав сега е во потрага по нов плејмејкер, во српските медиуми веќе се шпекулираат некои имиња, меѓутоа одлуката за нов играч најверојатно ќе дојде по дуелот против Олимпијакос.

 

Се вчитува...