Интер повторно е „лузерски тим“ во Лигата на Шампионите, откако „нероаѕурите“ и втора година по ред не успеваат да ја минат групната фаза. Овојпат трагедијата е уште поголема, бидејќи италијанскиот гигант го освои последното место во групата, па нема да го продолжи настапот ниту во Лигата на Европа.
Голманот Самир Ханданович беше критичен кон својот тим, потенцирајќи дека со вакви игри и резутати Интер воопшто не заслужил да се најде меѓу 16-те најдобри екипи во Европа. Според него, добро во целата ситуација е што „нероаѕурите“ сега целосно ќе се насочат кон борбата за титулата во „Серија А“.
„Ова беше израмнета група, а ние не успеавме да минеме поради загубените бодови во Киев и овде. Можевме и моравме многу подобро, но очигледно Интер се уште не е подготвен за да игра и да победува во Лигата на Шампионите. Бројките говорат се, само една победа од шест натпревари, не заслуживме да се пласираме во следната рунда. Сепак, нема време за плачење, мораме веднаш да го оставиме зад себе разочарувањето и да се насочиме кон Калчо-лигата. Сега пред нас се само натпревари во Серија А и ќе сториме се за да стигнеме до скудетото“, изјави словенечкиот голман на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

