Прва лига – ПОД ЛУПА: Во знакот на Радески, Абдул Басит и „ватерполото“ во Кратово

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 16. КОЛО

Факт е дека Шкендија, Шкупи и Македонија ЃП до крај ќе ја водат главната битка за распределбата на првите три позиции на табелата. Сето тоа потврдено и во 16. коло во кое Шкендија лесно славеше против Беласица, Македонија ЃП се помачи но дојде до трите бода против Пелистер а Шкупи извлече реми со Вардар. Академија Пандев конечно дојде до триумф, победувајќи со пресврт против Борец, а убедлива победа запиша и Работнички против Ренова.

ИГРАЧ НА КОЛОТО – Марјан Радески (Ак. Пандев)

Марјан Радески потсети на најдобрите денови во победата на неговиот тим против Борец. Поранешниот репрезентативец со два гола во последните 15 минути и донесе на Академија Пандев и тоа како важни три бода во борбата за опстанок.

=====================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Југослав Тренчовски (Ак. Пандев)

Академија Пандев повторно се врати на позитивната низа во првенството по ремито во Струга и победата над Борец. Триумфот против велешани извојуван со агресивна игра во второто полувреме, прецизни замени на Тренчовски кој ја донесоа пресврт-победата, и тоа како значајна во битката за опстанок.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Егзон Бејтулаи (Шкендија)

Репрезентативецот на Македонија и капитен на тимот од Шкендија донесе водство од 1-0 на својот тим во мечот со Беласица. Тој во првото полувреме на ефектен начин со глава погоди во мрежата на Ѓоргиев.


================================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ: Фудбал или ватерполо во Кратово!?

Крајно несоодветните услови за игра на натпреварот меѓу Силекс и Струга ТЛ во Кратово се издвојуваат како спорен момент од вчерашното 16. коло во ПМФЛ. Факт е дека фудбалерите не можеа ниту најмалку да демонстрираат од фудбалската игра под такви услови…


================================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Каков прекрасен ден…, за Калид

ФОТО: Игор Паневски

Се вчитува...