ЛИГА ЕВРОПА: Наполи испушти победа, Сосиедад со гол во 92. минута обезбеди европска пролет

Наполи испушти триумф против Реал Сосиедад во последните секунди од последното коло во групната фаза од Лигата на Европа не успевајќи со победа да го заокружи својот прв настап на новоименуваниот свој стадион во Неапол, „Диего Армандо Марадона“.

„Наполитанците“ поведоа со 1-0 со голот на Зјелински во 35. минута, но Вилијан Хозе во 92. минута донесе бод за Сосиедад.

Napoli 1-0 Real Sociedad – Piotr Zieliński 35′ from r/soccer

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути на дуелот, влегувајќи во игра на местото на стрелецот Зјелински.

Во истата група, Ријека, за која не настапи Дарко Велковски, дојде до првата победа во групата со 2-1 против АЗ Алкмар.

Јанг бојс во последен момент се избори за нокаут-фаза во Лигата на Европа откако ремизираше (1-1) со Клуж со гол во 94. минута преку Нсаме од пенал.

ЛИГА ЕВРОПА – 6. коло

ГРУПА А

ЦСКА Софија -Рома 3-1

Јанг бојс – Клуж 2-1

ГРУПА Б

Рапид Виена – Молде 2-2

Дандалк – Арсенал 2-4

ГРУПА Ц

Баер Леверкузен – Славија Прага 4-0

Хапоел Бер Шева – Ница 1-0

ГРУПА Д

Лех – Глазгов Ренџерс 0-2

Стандард – Бенфика 2-2

ГРУПА Е

ПСВ – Омонија 4-0

ПАОК – Гранада 0-0

ГРУПА Ф

Наполи – Реал Сосиедад 1-1

Ријека – АЗ Алкмар 2-1

Се вчитува...