ФФМ и ОФС Куманово со признание за богатата интернационална кариера на Мечкаровски (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски судии Димитар Мечкаровски, на 17. ноември го имаше својот последен натпревар на интернационалната сцена, со дуелот меѓу Андора и Летонија во Лигата на нациите означувајќи крај на својата богата кариера.

Сето тоа не остана незабалежано од Судиската организација на ФФМ како и ОФС Куманово кои не заборавајќи го Мечкаровски со мала свеченост оддадоа признание за интернационалната кариера на македонскиот делител на правдата.

Членот на Судиската комисија на ФФМ, Драган Стојановски, претседателот на ОФС Куманово, Борче Лазаревски, претседателот на судискиот одбор на ОФС Куманово, Драган Ристовски како и Комесарот на судии при ОФС Куманово, Бурхамедин Салихи со мало изненадување подготвувајќи неколку подароци искажаа уште еднаш признание за Мечкаровски.

Во својата досегашна повеќе од успешна судиска кариера Мечкаровски како главен судија судел на 58 меѓународни натпревари. За првпат во 2008 година беше главен судија на средбата Португалија-Кипар, млади до 17 години, а прв меч на најдобрите сениорски репрезентации на интернационалната сцена му беше меѓу Шанија и Перу.

 

Се вчитува...